Почетна
Балкан

Повеќе од 150 патници останаа заглавени во Солун поради птица во моторот

Летот за Германија беше откажан откако во еден од моторите беше пронајдена птица; авиокомпанијата најавила дека полетувањето ќе се реализира денес.

·Балкан
Повеќе од 150 патници останаа заглавени во Солун поради птица во моторот

Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени на аеродромот „Македонија“ во Солун откако беше откажан летот кон Германија поради тоа што била пронајдена птица во еден од моторите на авионот.

Летот требало да полета во вечерните часови, но патниците чекале неколку часа пред авиокомпанијата да ги информира дека летот нема да се реализира од безбедносни причини.

Превземање на мерки

Инцидентот ја активирал стандардната безбедносна процедура: авиокомпанијата презела мерки за отстранување на птицата и за техничка проверка на авионот пред да се донесе натамошна одлука.

На патниците им било соопштено дека летот ќе биде реализиран денес.

Засега нема дополнителни информации за инцидентот.

Фото: EPA/SOTIRIS BARBAROUSIS

Поврзани написи