Почетна
Македонија

Повторно е приведена кратовката што нелегално наплаќаше влез во „Камени кукли“

С. Д. Б. (41) е лишена од слобода откако, според полицијата, се обидела да наплати билети и да им се закани на посетители од Скопје.

·Македонија
Повторно е приведена кратовката што нелегално наплаќаше влез во „Камени кукли“

Полицијата повторно приведе 41-годишна жена од Кратово откако, како што соопштија, се обидела да наплаќа влезни билети на локалитетот „Камени кукли“ и да им се заканува на двајца посетители од Скопје.

Жената е идентификувана како С. Д. Б. (41) од Кратово и вчера беше лишена од слобода по нова пријава за обид за наплата на влез и закани. Таа во август годинава веќе беше приведена откако против неа беше поднесена пријава дека физички нападнала посетители на локалитетот.

ИЗЈАВАТА НА ПОЛИЦИЈАТА

„Полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С. Д. Б. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет 'Камени кукли' се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р. П. и Ј. Б. од Скопје. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Повторното приведување ја актуализираше долготрајната спорна состојба околу управувањето со прогласениот споменик на природата „Камени кукли“ кај селото Куклица. На почетокот на јуни годинава Општина Кратово соопшти дека подолг временски период е спречена да управува со локалитетот, оти истиот е бесправно узурпиран и држен во владение од страна на Здружението „Извор“ – Кратово.

Општинските власти тогаш ги навеле како одговорни лица Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх и посочиле дека чекаат правосилна судска пресуда која ќе наложи предавање на локалитетот во владение на општината.

Полицијата информира дека по целосно документирање на новото дело ќе следуваат соодветни пријави, во согласност со законската постапка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи