Почетна
Македонија

Пожар кај Грачани: пожарникари „лице в лице“ го бранат селото

Дирекцијата за заштита и спасување и воздухоплови интервенираа откако ветерот го сврте огнот кон куќите.

·Македонија
Пожар кај Грачани: пожарникари „лице в лице“ го бранат селото

Денеска попладне пламените јазици се закануваа на селото Грачани, во близина на границата со Косово, а пожарникарите и тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување водат жестока борба за одбрана на куќите.

Директорот Стојанче Ангелов посочи дека на огнената линија е „лице в лице“ борба со огнот, а дополнителен проблем предизвикал ветерот кој го свртел огнот кон селото и покрај тоа што претходно неколку линии биле обезбедени.

Воздухопловна поддршка и ниски летови

Ангелов информира дека утрово во гаснењето учествувале еден армиски и еден полициски хеликоптер, а попладнево се користат и таканаречените „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување кои во низок лет исфрлаат големи количини вода. На снимка споделена од директорот се гледа еден авион кој исфрла три тони вода на дел од пожарот.

Според него, главната огнена линија е голема и „можеби е долга повеќе од 10 километри“. Тој додаде дека пожарот пред неколку дена навлезел од косовска страна и се гаси од двете страни на границата.

Ангелов упати апел до граѓаните да бидат внимателни: „Вчера имавме повеќе од 30 пожари на отворен простор, денеска бројката исто така е загрижувачка. Бидете внимателни, сезоната на пожари не е завршена. Глобалното затоплување го прави своето, сезоната на пожари навлегува длабоко во септември и не очекува жежок месец, полн со пожари“.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи