Почетна
Македонија

Пожар на дива депонија во Велес изгаснат по три часа

Пожарникарите го изгаснаа огнот над Дервен по тричасовна интервенција, а густ црн чад од горечка пластика ја зафати старaта населба.

·Македонија
Пожар на дива депонија во Велес изгаснат по три часа

Доцна синоќа беше изгаснат пожар што избувна на дива депонија над Дервенскиот Поток во Велес, откако пожарникарите по околу три часа борба со пламените јазици и густиот црн чад го локализираа огнот.

Три часа на терен, чад во стариот дел на градот

„Пријавата за пожар е примена во 17:50 часот. Територијалната противпожарна единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители. По пристигнувањето на лице место, поради сериозноста на пожарот, кој беше затекнат во развиена фаза, побарана е дополнителна помош од уште едно возило. По тричасовна борба со пламените јазици, пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување“, соопшти велешката Пожарна.

Густиот црн чад се прошири и го погоди стариот дел на градот, создавајќи проблеми во животот на населението.

„Од чадот не се дишеше. Некој запалил дива депонија, гореше пластика. Дали гореа кабли за да го извадат бакарот и го препродаваат, кабли кои се крадат од јавни инсталации, но ова беше лошо по здравјето“, велат велешани.

Иако мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање во Велес е лоцирана во новиот дел на градот, во населбата Тунел, загадувањето стигна и таму: во 21 часот измерени беа 77 мг/м³ ПМ10 честички во воздухот, а утрово во 6 часот часовната вредност се искачи на 160 мг/м³.

Горењето пластика ослободува штетни гасови и честички — јаглерод моноксид, диоксини, фурани и трајни органски загадувачи — кои се опасни по здравјето и може да се шират со ветерот на голема далечина, предизвикувајќи печење на очите, грлото и белите дробови.

Велешани и екологисти потсетуваат дека пред околу 20 години постоеше мерна станица за квалитет на воздухот кај Бирото за вработување која ги покриваше старите делови, но таа беше затворена од Министерството. Локалната власт рекоа дека побарале поставување инструменти и во стариот дел на градот, но биле одбиени.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи