Почетна
Македонија

Пожарот на Пелистер целосно изгаснат по 72 часа

Директорот Иванчо Тошевски: акцијата била комплексна и се реализирала со повеќестран ангажираност од служби и волонтери.

·Македонија
Пожарот на Пелистер целосно изгаснат по 72 часа

Пожарот во ЈУ Национален парк Пелистер е целосно изгаснат по 72 часа непрекината активност на терен, соопшти Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк Пелистер.

Интензивна операција во борба со огнот

Тошевски оцени дека станувало збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територија на Македонија, поради доминантните насади црн и бел бор и потребата за специјализирани интервенции на отворен простор.

Во својата прес‑изјава тој истакна: „И покрај неповолните временски услови на терен, акцијата беше успешна. Невозможното стана возможно затоа што единиците на НП Пелистер, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, маханизација на ЈП од Општина Битола, ЈП Стрежево, Огнените сили на ДЗС, ДПД Архангел, ДПД Кочани, хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, ер тракторите на ДЗС и голем број на приватни стопанственици и други доброволци беа непрекинато на терен без ниту една пауза во текот на целото деноноќие. Целата оваа поддршка беше обезбедена благодарение на директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов“, посочи Тошевски.

На терен беа ангажирани екипи од парковската служба, противпожарни единици, механизација од јавните претпријатија на Општина Битола, како и воена авијација и голем број волонтери, кои работеа низ три непроспиени пеколни ноќи. Од паркот потврдија дека учесниците останале будни повеќе од 48 часа во текот на акцијата.

Комбинацијата од работа на земја и воздушни интервенции, според надлежните, била пресудна за ограничување на ширењето и заштита на населени места во близина на угасените жаришта.

Сè додека тимовите вршеа контроли и патроли, фокусот останал на целосно гасење на жариштата и спречување на повторно активирање; засега не е објавена официјална причина за настанувањето на пожарот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи