Позлатена статуа на голиот Доналд Трамп поставена во Европскиот парламент во Стразбур
Скулптурата од данскиот уметник Јенс Галсхиот, наречена „Портокаловата чума“, е поставена во преминот меѓу двете zгради на Европскиот парламент и ќе биде изложена до четврток.

Сатирична, позлатена статуа на голиот Доналд Трамп е поставена во Европскиот парламент во Стразбур. Скулптурата, висока 2,5 метри, е дело на данскиот уметник Јенс Галсхиот и ја прикажува голата фигура на Трамп како држи долг стап за голф, седнат на рамената на многу помал човек што се тетерави под неговата тежина.
Делото, позлатено со 23-каратно злато, носи наслов „Портокаловата чума“ и е познато и како „Кралот на неправдата“. Во придружниот текст се цитира „Кралот": „Би направил сè за да му помогнам. Освен да му се симнам од грб“.
Галсхиот објасни дека пораката е директна критика на попречувањето на борбата против климатските промени од страна на Доналд Трамп. Статуата претходно беше изложена во неколку европски градови и беше прикажана и на климатската конференција на ОН, КОП-30, во бразилскиот град Белем.
Каде е поставена и колку ќе остане
Инсталацијата е поставена во преминот што ги поврзува двете згради на Парламентот и ќе биде изложена до четврток. Поставката ја организираше данскиот европратеник Пер Клаусен, кој нагласи дека не се загрижува од евентуалната реакција на Трамп.
„Ако некој е толку чувствителен што не може да го поднесе изложувањето на оваа скулптура во Европскиот парламент, тогаш тој нема место на светската сцена“, изјави Клаусен.
Доналд Трамп сè уште нема дадено коментар за уметничкото дело.
Фото: прес-материјал од настанот


