Премиера на „17“ во МНТ: стоечки овации за филм што отвора тема за врсничко насилство
Режисерката Косара Митиќ вели дека била стремежот кон реализам; актерите ги опишуваат подготовките и меѓусебната доверба.

Долг аплауз и стоечки овации од публиката ознамија синоќешна премиера на филмот „17“ во Македонскиот народен театар (МНТ). На денешната прес‑конференција режисерката говореше дека реакцијата ја потврдува нејзината замисла.
За темата и кастингот
Косара Митиќ, режисерка и косценаристка на филмот, рече: "Целта ми беше да создадам реализам. Да создадам емоција што ќе биде реална за гледачот."
Филмот третира врсничко сексуално насилство — жртви кои молчат и средина што не забележува. Како што кажа продуцентот Томи Салковски, изборот на актерите беше направен преку широк кастинг. Главната улога на Сара ја толкува студентката од ФДУ Ева Костиќ.
За сцената на породувањето, Ева вели дека заедно со режисерката истражувале во болница. "Бевме со Косара во болница, исто така, да гледаме породувања. Гледавме различни типови на породувања," рече таа.
Приказната на Сара е поврзана и со искуството на нејзината другарка Лина, во изведба на Мартина Даниловска. Таа подвлече дека довербата меѓу актерите и екипата била пресудна за снимањето на сцените со насилство: "Тоа што си дозволивме да бидеме ранливи и да си се препуштиме едни на други, ја створи таа доверба меѓу нас како млади актери, колеги, соработници, да не се посомневаме во ниеден момент," изјави Даниловска.
Во рамките на програмата на СФФ, големиот српски актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ одржа мастер‑клас во кој ги поттикнуваше младите филмаџии да си поставуваат суштински прашања: "Се обидувам да одам во насока кои прашања тие на себе треба да си ги поставуваат и на другите, во мигот кога решиле да прават филм. За што ги прават филмовите ? За кого ги прават филмовите? И зошто прават филмови," рече тој.
Организаторите најавија дека в недела ќе се прикаже и српскиот филм „Мраз“, во режија на Павле Вучковиќ, со нашата Камка Тоциновски во главната улога. Вучковиќ говореше за проширување на кастингот во регионов и за самоснимањето на кандидатката: "Го проширивме кастингот и во регионот и добивме од Камка self tape, кој што таа сама го направила, кој што беше 1:1, она што јас го сакав. И потоа јас можеби го уништив повеќе како режисер тоа што таа сама го направи. Мислам , на крајот се разбира дека сум задоволен од тоа," заклучи режисерот.
Фото: прес-материјал од настанот


