Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис се повреди при пад од велосипед во Ханија
Се јавил во одделот за итни случаи во Ханија по пад од велосипед; добил прва помош и ја продолжил агендата.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, се јавил на преглед во одделот за итни случаи во болницата во Ханија, на островот Крит, по пад од велосипед при кој се здобил со повреда на раката и со полесни гребаници.
Инцидентот се случил додека Мицотакис возел велосипед во околината на Ханија. На местото на прегледите му била укажана прва помош, а лекарите утврдиле дека нема причина за загриженост.
Како што беше појаснето, падот настанал кога предното тркало на велосипедот му пролизгало, по што тој ја изгубил рамнотежата и се повредил на раката и добил површни гребаници.
По завршувањето на прегледите и укажаната помош, Мицотакис ја напуштил болницата и продолжил со својата редовна агенда.
Мицотакис е роден и израснат во Атина, но неговото семејство има длабоки корени во Ханија на островот Крит. Тој важи за страстен љубител на возењето велосипед.
Не беа пријавени дополнителни компликации по несреќата, а здравствените служби не најавија понатамошни мерки.
Фото: Архива