Почетна
Македонија

Пресуда денеска за серискиот убиец Трајче Бојковски во Куманово

Семејствата на жртвите собраа во судот додека судијата се подготвува да ја изрече пресудата.

·Македонија
Пресуда денеска за серискиот убиец Трајче Бојковски во Куманово

Блиските на жртвите денеска очекуваат да ја слушнат пресудата во судот во Куманово за обвинетиот сериски убиец Трајче Бојковски.

На претходното рочиште обвинителот Љубомир Лапе побара доживотна казна. Бојковски е обвинет дека убил 4 жени, а се обидел да убие уште две.

Начин на делување и мотив

Навидум бил мирен овчар во Нагоричане, но според обвинението делувал како предатор: ги демнел и ги бирал оние кои живеат сами, најчесто стари и изнемоштени, ги давел до смрт, па ги силувал.

Некрофилија е најсилниот мотив за сите. Адвокатот на обвинетиот, пак, негираше дека мотивот е задоволување на полови страсти, негираше дека обвинителот го докажал обвинението и побара пониска казна.

Обвинетиот, според истрагата, делувал повеќе од една година и беше откриен откако ја уби својата последна жртва за која беше побарана обдукција. Судот во Куманово денеска треба да ја изрече пресудата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи