Почетна
Спорт

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, го посети Гевгелија

Претседателот на ФИБА Европа го проследи натпреварот Македонија–Украина на Дивизија „Б“ за кадети и доби пригоден дрес од КК Кожув.

·Спорт
Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, го посети Гевгелија

На 11 август 2026 година претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, беше во посета на Гевгелија и од трибините го проследи дуелот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.

Гарбахоса претходно беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје, а оваа посета ја оствари на покана од раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и од градоначалникот на Општина Гевгелија.

Почит и пригоден подарок

Претседателот на ФИБА Европа беше пречекан од градоначалникот Андон Сарамандов и претседателот на КФМ, Томче Главчев, а од трибините го следеше натпреварот во рамки на Европското првенство до 16 години, Дивизија „Б“, кое се одржува во Гевгелија и Скопје.

Како знак на гостопримство, на Гарбахоса му беше врачeн специјално изработен дрес на КК Кожув, со што беше означена неговата посета на градот кој овие денови е еден од централните домаќини на младинската европска кошарка.

Посетата дополнително ја потврди успешната соработка меѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија и го истакна значењето што европската организација го дава на развојот и промоцијата на младинската кошарка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи