Почетна
Македонија

Приведен 19-годишник по удар и бегство во Ѓорче Петров

Во несреќата 48-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди и е згрижена во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

·Македонија
Приведен 19-годишник по удар и бегство во Ѓорче Петров

Приведен е 19-годишник по инцидентот во скопската населба Ѓорче Петров, кога минатата вечер со автомобил беше удрена 48-годишна жена и возачот го напуштил местото на несреќата. Повредената е со тешки телесни повреди и е згрижена во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

„Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од словода Н.Н. (19) од Скопје затоа што вчера во 21:20 часот на расксницата на улиците ‘Борис Сарафов‘ и ‘Крсто Раковски‘ во скопската населба Ѓорче Петров, со патничко возило ‘фиат пунто‘ удрил во 48-годишната А.С.К од Скопје и го напуштил местото на настанот", се вели во полициското соопштение.

По пријавувањето на несреќата, повредената жена беше пренесена во ГОБ „8 Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Претприемнати мерки

Полицијата презела мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. По приведувањето, по насоки на јавен обвинител, возачот е задржан во полициска станица, а возилото му е одземено.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицето.

Полицијата апелира до лица што биле сведоци или располагаат со дополнителни информации да пријават за да се помогне во истрагата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи