Почетна
Македонија

Приведено лице во истрагата за убиството кај Смилковско Езеро

38-годишен маж искрварел до смрт по пукањето во нога; безбедносни и Сејф сити снимки се дел од истрагата.

·Македонија
Приведено лице во истрагата за убиството кај Смилковско Езеро

Во рамки на истрагата за убиството кое се случи кај Смилковско Езеро приведено е едно лице, информираат извори. Загинатиот е 38-годишен маж кој искрварел до смрт откако бил застрелан во нога.

Детали од истрагата

Според првичните сознанија, приведеното лице е осомничено по истрагата отворена за крвавиот злостор. Снимки од безбедносни и од камерите на Сејф сити го лоцираат мажот на местото неколку минути пред 5:00 часот.

Телото на застреланиот било најдено од случаен минувач во 6:15 часот во сабота рано наутро. Телефонот на убиениот бил пронајден во автомобил во близина на местото на настанот. По првичните медицински сознанија, мажот бил ранет во нога, погодена била артерија, настапило обилно крварење и не успеал да повика помош.

Нападот се случил на десетина метри од Смилковското Езеро и од црквата изградена на оваа локација по петкратното убиство пред Велигден во 2012 година, кога четворица момчиња од Радишани и Бутел и еден жител на Црешево беа убиени. Двајца од осудените за тоа убиство се уште се во бегство и не ја издржуваат доживотната затворска казна.

Жители на Смилковци со кои разговаравме велат дека покрај езерото често ноќе се собираат луѓе и дека дел од нив можеби учествуваат во сомнителни активности. Полицијата потврдува дека снимките од Сејф сити се користат во истрагата.

Истрагата продолжува и властите засега не ја соопштуваат идентитетот на приведеното лице ниту други оперативни детали.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи