Почетна
Македонија

Професионалните војници најавуваат протест пред Владата на 7 ноември

Синдикатот ги обвинува министерот Мисајловски за манипулации и одолговлекување на решавањето на статусот по 45 години.

·Македонија
Професионалните војници најавуваат протест пред Владата на 7 ноември

Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски, обвинувајќи го за неисполнети ветувања, манипулации и одолговлекување на решавањето на статусот на професионалните војници по навршувањето на 45-годишна возраст.

Протест пред Владата на 7 ноември

Синдикатот најавува протест пред Владата на 7 ноември, со почеток во 11 часот, поради, како што го опишува, долгогодишното незадоволство од состојбите во Армијата.

Во реакцијата потпишана од претседателот на синдикатот, Александар Насковски, се наведува дека последната изјава на министерот Мисајловски, со која најавил решавање на статусот на професионалните војници и зголемување на платите од 1 јануари, претставува уште едно во низата ветувања кои, според синдикатот, со месеци остануваат неисполнети.

"Денешната изјава, наводно спонтана, на министерот за одбрана Владо Мисајловски е класична лага и манипулација на јавноста, на професионалните војници и на припадниците на Армијата, се наведува во соопштението".

Синдикатот не ги објави дополнителните барања во краткото соопштение, но го потврди терминот и времето на протеста. Изјавата е потпишана од Александар Насковски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи