Променливо облачно: попладне повремени локални врнежи и грмежи
Попладне повремени локални врнежи и можни грмежи; минимални 4–12°C, максимални 17–25°C.

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат со поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температури: Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12°C, а максимумот од 17 до 25°C.
Утрински податоци
Информација од ова утро 9.10 .2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C) 17 Дојран, 15 Виница, Пожаране, Кавадарци, 14 Маврово, Велес, Демир Капија, Прилеп, Битола, Гевгелија, Охрид, Крушево, Претор, 13 Радовиш, Штип, 12 Скопје, Тетово, Дебар, Куманово, Струмица, 7 Берово.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м ² ) 9 Попова Шапка, 3 Тетово, 2 Пожаране.
Деталите во МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
Фото: прес-материјал од настанот


