Почетна
Македонија

Промовиран прирачник за наставници за препознавање и справување со врсничко насилство

Прирачникот, претставен денеска на ФОН при УГД-Штип, нуди протоколи за рано препознавање на различни форми на врсничко насилство.

·Македонија
Промовиран прирачник за наставници за препознавање и справување со врсничко насилство

Нов прирачник со насоки за рано препознавање и постапување при врсничко насилство денеска беше промовиран на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ — Штип (УГД-Штип). Документот е наменет како практичен водич за наставниот кадар.

Прирачникот опфаќа различни форми на насилство меѓу учениците: физичко, емоционално, сексуално, социјално и сајбер. Насоките се однесуваат на првото ниво — учителите и наставниците да го забележат проблемот во рана фаза и да применат дефинирани комуникациски протоколи.

Зошто е важно раното препознавање

„Кога наставниците ќе бидат освестени, сензибилирани за тоа, нема да го пропуштат низ нивните филтри, нема да го игнорираат, затоа што првото ниво може да премине на второ и тоа претставува сериозен општествен проблем“, изјави Трајче Стојанов, декан на ФОН, УГД-Штип.

Досегашните анализи покажуваат дека учениците поради стравот и недовербата не го пријавуваат насилството. Помалите ученици се похрабри во однос на учениците од повисоките одделенија, велат организаторите.

„ Ниту едно дете не треба да се плаши да оди во училиште, како што ниту еден наставник не треба да биде оставен сам да се соочува со насилството, затоа што лесно е да го препознаете, но понекогаш наставниците не се сигурни дали постапуваат правилно. Токму овој прирачник им нуди насоки и комуникациски протоколи како да постапуваат кога ќе се соочат со различен вид на насилство“, рече Даниела Коцева, универзитетска професорка на ФОН, УГД-Штип.

Според податоците на Министерството за образование и наука, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство во училиштата. Прирачникот има за цел да ги подобри процедурите за откривање и да им даде јасни чекори на наставниците при сомнеж за врсничко насилство.

Викторија Јованова

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи