Пронајдено тело на дете во езеро близу Брантам по исчезнувањето на тригодишниот Ноа Вудс
Полицијата на Сафолк го соопшти наоѓањето во Декој Понд; формална идентификација сè уште не е извршена, случајот се третира како неоснован за сомневање за кривично дело.

Полицијата пронашла тело во езерце во Брантам додека траела потрагата по тригодишниот Ноа Вудс, кој вчера исчезнал од детско игралиште.
Ноа Вудс последен пат бил виден вчера во 15 часот во Мериам Клоус, Брантам, во близина на Менингтри, пред да се раздели од член на семејството.
Потрага и постапки
„Полицијата и противпожарните екипи денеска попладне, за жал, извлекоа тело на дете од езерцето Декој во Брантам. Формалната идентификација сè уште не е извршена, но семејството на Ноа Вудс е информирано за овој развој на настаните. Пронаоѓањето на телото во моментов се третира како неосновано за сомневање за кривично дело, но околностите се неразјаснети“, изјави денес Том Пирс од полицијата на Сафолк. Тој додаде дека за настанот ќе биде информиран посебен истражител за мртви лица.
Во текот на потрагата посебно внимание било посветено на езерцето Дикој Понд, околните шуми, блиската река Стур и железничката пруга. Полицијата ангажирала специјализирани тимови за пребарување, единици со кучиња и добила поддршка од хеликоптери.
Во истрагата се вклучиле околу 1.300 граѓани-доброволци. „Бевме преплавени од огромната јавна поддршка и од луѓето кои ги облекоа своите чизми за да ни помогнат во потрагата“, рече претставник од полицијата.
Таткото на Ноа на социјалните мрежи повика волонтерите да ја прошрат потрагата надвор од селото: „Не можам да поминам уште една ноќ знаејќи дека тој е таму сам. Ве молам, не се откажувајте од него. Тој е некаде таму и му благодарам на секој од вас“, напишал тој.
Фото: Suffolk Police


