Почетна
Македонија

Противпожарните екипи остануваат ноќта во Габер по пожарот што се прошири од Моране

Три авиони „ер трактор“ и противпожарните екипи на Град Скопје ги засилија напорите за целосно гаснење во Габер.

·Македонија
Противпожарните екипи остануваат ноќта во Габер по пожарот што се прошири од Моране

Противпожарните екипи на Град Скопје ќе останат на терен во текот на целата ноќ во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране. Целта е да се заштити селото и околните населени места, како и континуирано да се следи состојбата.

Поради непристапен терен интервенираа и од воздух

Поради тешкиот и непристапен терен, во гаснењето денеска интервенираа три авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, предводени од командантот Звонко Томевски.

Според директорот на ЦУК Мухамед Али, авионите „ер трактор“ повторно ќе интервенираат утре во раните утрински часови, заедно со противпожарните екипи, со цел целосна локализација и гаснење на пожарот.

Одговорните лица нагласуваат дека екипите ќе останат во близина на селото и во текот на ноќта за да спречат повторно активирање на огнот и да го следат влијанието на временските услови.

Интервенцијата продолжува со координирани дејства од воздух и од земја, при што приоритет останува заштитата на жителите и безбедноста на спасувачките тимови.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи