Почетна
Свет

Путин: Русија ги поддржува обновувањето на односите со Европа и предупредува дека војна нема да има победници

По телефонските разговори со лидерите на Норвешка и Финска, Путин рече дека Русија не сака војна, но е подготвена за потенцијален конфликт.

·Свет
Путин: Русија ги поддржува обновувањето на односите со Европа и предупредува дека војна нема да има победници

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ги поддржува чекорите за обновување на односите со европските земји, но предупреди дека ескалацијата во отворен конфликт би резултирала со ситуација без победници.

Коментарите доаѓаат по неговите телефонски разговори со лидерите на Норвешка и Финска, во кои, според Путин, Москва ја изнесла и пораката дека не ја сака војната, и покрај тоа што е подготвена за потенцијален конфликт.

„ Ги поддржуваме сите чекори и активности насочени кон обновување на целосни и функционални односи со европските земји. Н ие сме подготвени, но не сакаме војна со Европа. А ко некој го сака тоа, нека се подготви, но во моментов не ја постигнале својата цел – да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија. И ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој нека не го заборави тоа“, кажа Путин.

Дипломатија и предупредување

Во говорот Путин ја нагласи двојната линија на Кремљ: отвореност за обновување на „целосни и функционални односи“ со европските држави, но и јасна закана дека понатамошно притискање може да доведе до сериозни последици.

Изјавата ја повторува пораката што Москва ја испраќа во контактите со скандинавските земји — повик кон дијалог, но и потсетување на капацитетот на Русија за одговор.

Фото: Кремљ)

Поврзани написи