Работна акција во Дексион — расчистување околу игралиштето и обновување на клупите
Општина Ѓорче Петров и партнери расчистија отпад, поправија клупи и најавија садење на донирани садници во октомври.

Во населбата Дексион денеска се расчистуваше и уредуваше просторот околу детското игралиште, лоцирано во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба.
Во рамки на акцијата „Clean up session“ освен што е расчистен просторот околу игралиштето, обновени се и постојните клупи, а како што велат од Општина Ѓорче Петров во наредниот период ќе се обновуват корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште и ќе се исчистат преостанатите гранки и отпад од локацијата.
Кој се вклучи и што следи
Во акцијата која ја организира Општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за климатски промени, се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, општествено одговорни компании, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација.
Од Општината велат дека во текот на октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило.
Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена – безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини, информираат од Ѓорче Петров.
И првачињата во Бутел и во Ѓорче Петров ќе добијат бесплатни ранчиња
Фото: Општина Ѓорче Петров