Почетна
Спорт

Работнички продолжи без пораз, Тиквеш ја доби драмата со ТФТ

Најтрофејниот Работнички ја продолжи серијата со победа во Скопје, додека Тиквеш реши драмата во Кавадарци со слободни фрлања.

·Спорт
Работнички продолжи без пораз, Тиквеш ја доби драмата со ТФТ

Работнички ја продолжи серијата без пораз и по петтото коло во домашното првенство остана непоразен — гостувањето во Скопје го доби со 89-79. За домашниот тим тоа беше четврт пораз и засега една победа.

Разликата ја постави во втората и третата четвртина, кога играчите во „црвено-бело“ беа подобри за вкупно 18 поени и тоа им овозможи мирен финиш и продолжување на победничката низа која клубот одамна не ја имал.

Рикиќ беше најдобар кај Работнички со 29 поени и 8 скока, додека Говенс постигна 14 поени, имаше 6 скока и 8 асистенции. Кај Скопје, Паркер заврши со 23 поени и 9 скокови.

Драматична завршница во Кавадарци

Во Кавадарци Тиквеш и ТФТ одиграа неизвесен натпревар, а победата остана кај домаќините — 77-74. Во 34. минута ТФТ водеше со 71-66, но Тиквеш успеа да се врати во игра во последните минути.

Волф го предводеше камбекот, ги доведе кавадарчани до водство од 73-71 и во последните 10 секунди реализираше од линијата за слободни фрлања за конечни 77-74. ТФТ не успеа да реализира тројка што би ги вратила во водство.

Волф заврши со 24 поени, додека Глигоријевиќ даде 19 поени и имаше 8 скока за победниците. Кај ТФТ, Зафиров беше најефикасен со 18 поени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи