Рачна бомба експлодирала пред зграда во Звездара, Белград — оштетени автомобили и локали
Експлозијата во раните утрински часови предизвикала голема материјална штета, но нема повредени; полицијата и обвинителството трагаат по сторителот.

Рано утрово околу 3 часот силна експлозија ја потресе населбата Звездара во Белград откако непознато лице фрлило експлозивна направа пред станбена зграда.
Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Детонацијата се случила пред зградата во која живее лице со иницијали А.О. (24).
А.О. во разговор со полицијата изјавил дека се сомнева дека направата била наменета за него и дека била фрлена кон неговата тераса. Како што навел, уредот се одбил од терасата и паднал на тротоарот меѓу паркираните возила, каде и експлодирал.
Голема материјална штета, нема повредени
Од силната детонација настрадаа три паркирани возила, беа искршени излозите на блиските локали, а има видливи оштетувања на фасадата и на влезната врата од соседната зграда. Во експлозијата нема повредени лица.
Полицијата известила дека лицето А.О. претходно било евидентирано во полициските досиеја и бил осудуван, а тој им рекол на истражителите дека пред околу еден месец му бил запален автомобилот и дека верува дека повторно е на мета на истите напаѓачи.
Полицијата и надлежното обвинителство интензивно работат на расветлување на сите околности и на идентификација и пронаоѓање на лицето кое ја фрлило бомбата.
Фото: МИА