Почетна
Политика

Раичевиќ: Би контактирала со МВР да ме известат по кои предмети работат, па ќе ги одредам приоритетите на ОЈОГОКК

Раичевиќ: Прво ќе ја согледам состојбата и ќе разговарам со колегите и со надлежните во МВР пред да одредам кои предмети ќе бидат приоритет.

·Политика
Раичевиќ: Би контактирала со МВР да ме известат по кои предмети работат, па ќе ги одредам приоритетите на ОЈОГОКК

Кандидатката за прв човек на ОЈОГОКК, Лидија Раичевиќ, изјави дека пред да ги постави приоритетите ќе ја согледа вистинската слика за обемот и фазата на предистражните и истражните постапки и ќе разговара со колегите и со полицијата.

„Меѓу прво и приоритет има разлика, кога ќе ја согледаме состојбата ќе видиме навистина што ќе биде приоритет. Но, прво што би направила кога би отишла во тоа обвинителство, би разговарала со колегите за да го видам обемот на предметите којшто се наоѓа кај нив, во која фаза се и на кој начин се работи“, истакна Лидија Раичевиќ во вечерашната Топ Тема на дебата со тројцата други кандидати за избор на прв човек на ОЈОГОКК.

Раичевиќ посочи дека би контактирала со Министерството за внатрешни работи, особено со надлежните за организиран криминал, за да ја добие нивната пресечна слика за сознанијата и предметите по кои работат.

План по добивање на податоците

„Второ, би контактирала со Министерството за внатрешни работи, особено со надлежните за организиран криминал за тие да ме известат за пресекот сознанијата коишто ги имаат, по кои предмети тие работат и собираат податоци за откривање на ваков вид на криминал. Откако ќе ја добијам таа слика и сознанијата коишто јас лично ги имам, тогаш ќе го направам планот за тоа што ќе биде приоритет на работа на ОЈОГОКК. Сметам дека приоритетните области не зависат од гласот на јавноста, не секогаш интересот на јавноста го наметнува приоритетот за нивно гонење, тие може да бидат звучни и важни, но што со оние кои не стасуваат до јавноста,“ истакна Раичевиќ.

Според неа, приоритетите треба да произлезат од внатрешна процена на обвинителството и од размена на информации со истражните органи, а не само од притисок или клима на јавноста.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи