Почетна
Магазин

Расправија за лежалка во Вуљагмени заврши со смрт на 82-годишник

Расправа за место на плажа ескалираше во тепачка и заврши со смрт на 82-годишен маж.

·Магазин
Расправија за лежалка во Вуљагмени заврши со смрт на 82-годишник

Една обична расправија за место на плажа во луксузното атинско одморалиште Вуљагмени заврши со трагедија во која животот го загуби 82-годишен маж.

Инцидентот се случил нешто пред 10 часот претпладне, откако повозрасниот пар се сместил на лежалките, а до нив дошол 76-годишник во друштво на 21-годишна девојка. Брзо избувнала вербална расправија за слободното место.

Од вербален судир до судир во кој загина човек

Според сведоштва од местото, расправијата преминала во физичка пресметка откако, како што е кажано, во еден момент 82-годишникот револтирано извикал: "Знаеш ли кој сум јас? Јас сум од Воената морнарица!". Возрасната жена која била со 76-годишникот, наводно, се вклучила во тепачката.

Од силата на ударите, стресот и падот, постариот маж се струполи на плажата. Итната помош за кратко време го пренела во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но тој починал околу еден час подоцна.

Грчката полиција привела 76-годишник под сериозно сомнение за нанесување тешки телесни повреди со смртни последици. 21-годишната девојка, која билa задржана на првите разговори, била пуштена на слобода по извршените првични испрашувања.

Адвокатите и блиските на приведениот тврдат дека тој исто така добил повреди и дека, според нивната верзија, жртвата прво го соборила на земја. Сега истрагата е насочена кон судско-медицинските наоди и вештачењата што ќе треба да утврдат што точно се случило и одговорноста за оваа смрт.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи