Разузнавачки извештаи: Саудиска Арабија не ја исклучува развој на нуклеарно оружје
Класифициран документ до Конгресот тврди дека Ријад не ја исклучува можноста за создавање капацитет за нуклеарно оружје, со што се зголемуваат загриженостите меѓу пратениците.

Американските разузнавачки служби доставиле класифициран документ до Конгресот во кој се наведува дека Саудиска Арабија не ја исклучува можноста за развој на капацитет за нуклеарно оружје. Овој извештај ги подгреа загриженостите кај дел од пратениците околу договорот што дозволува американски фирми да започнат проекти за цивилна нуклеарна енергија во кралството.
Преглед на договорот и реакциите во Вашингтон
Договорот што ја поврзува администрацијата на претседателот Доналд Трамп и Ријад е промовиран како начин за зацврстување на билатералните врски и за ограничување на можноста на Саудиска Арабија да се сврти кон Русија или кон Кина за нуклеарна соработка. Сепак, противниците предупредуваат дека цивилната програма може да отвори пат кон воено користење и да поттикне трка во вооружување на нестабилниот Блиски Исток.
Конгресот во моментов е во 90-дневен период за преглед на договорот и пратениците би можеле да донесат мерки за да го блокираат доколку обезбедат доволна поддршка. Според документите испратени до Капитол Хил, Стејт департментот бил вклучен во подготовката на класифицирани материјали во август и има попозитивна проценка за заштитните мерки и гаранциите од саудиската влада.
Група демократски сенатори, предводени од Ед Марки и Џеф Меркли, испратија писмо до државниот секретар Марко Рубио во кое наведуваат дека администрацијата го напушта досегашниот пристап и усвојува порелаксиран режим на ограничувања. Во писмото тие предупредија: "Овој процес речиси сигурно ќе му овозможи на Ријад да се стекне со средства за збогатување ураниум и евентуално развој на нуклеарно оружје".
Нема непосреден јавен одговор од Ријад. Саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман претходно изјави дека програмата ќе биде „мирна“ и ќе се развива „со највисок степен на одговорност и транспарентност“.
Американскиот Стејт департмент изјавил дека Вашингтон „не ја поддржува и нема да ја поддржува саудиската програма за нуклеарно оружје“.
Фото: прес-материјал од настанот


