Реал Мадрид со соопштение: „Кралевите“ бараат разрешување на првиот човек на Ла Лига
Клубот го обвини Хавиер Тебас за дискредитирање на Реал Мадрид и за нанесување штета на имиџот на Ла Лига.

Попладнево, на 22.09.2026, Реал Мадрид издаде официјално соопштение во кое го критикува претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, и бара лидер способен да обезбеди неутралност во натпреварувањето. Клубот го оцени неговото однесување како сериозен и повторлив јавен напад врз „кралскиот клуб“.
Клубот вели дека однесувањето ѝ штети на Ла Лига
Во соопштението стои: "Нашиот клуб смета дека е неприфатливо претседателот на Ла Лига да ја користи својата институционална позиција за да продолжи да го дискредитира и напаѓа Реал Мадрид на начинот на кој го прави тоа на секое јавно појавување".
Реал Мадрид ја искажа загриженоста дека лицето кое треба да ги претставува и брани интересите на сите клубови во Ла Лига "продолжува да биде опседнато со Реал Мадрид", претворајќи го клубот во постојана мета на неговите јавни критики.
Причината за последната реакција беше коментарот на Тебас за статија од независен новинар во дигитален медиум. Клубот ја опиша неговата реакција како "особено сериозна и неразбирлива", додавајќи дека претседателот на Ла Лига си дозволил и да ја оцени спортската стратегија на клубот. "Ова е тотална неодговорност "
Клубот, исто така, го критикуваше Тебас за користење на своите лични канали и време за јавно напаѓање на Реал Мадрид, наместо да придонесе за градење доверба во институциите кои треба да ја гарантираат непристрасноста на натпреварувањето. Според „кралскиот клуб“, ваквото однесување го оштетува имиџот на Ла Лига и шпанскиот фудбал низ целиот свет.
Како заклучок, Реал Мадрид изјави дека професионалниот фудбал во Шпанија итно има потреба од лидер кој може да го управува со потребната неутралност: "Претседателот на Ла Лига не е сопственик на натпреварувањето, туку менаџер кој им служи на клубовите што го сочинуваат и му го довериле управувањето со него. Нам, клубовите ни треба некој што може искрено да ја изврши оваа мисија "
Соопштението беше објавено и на официјалните канали на клубот, вклучувајќи твит: "Comunicado Oficial. https://t.co/XDY0osLIK5 — Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 22, 2026".
Фото: прес-материјал од настанот


