Речиси 14.000 смртни случаи во Германија ова лето поврзани со високите температури, соопшти Институтот Роберт Кох
Прелиминарни податоци на Институтот Роберт Кох покажуваат смртни случаи поврзани со топлотни бранови до 9 август, со силен скок кон крајот на јуни.

Институтот Роберт Кох објави прелиминарни проценки според кои ова лето во Германија речиси 14.000 лица починале од причини поврзани со екстремно високи температури.
Проценките се однесуваат на смртни случаи поврзани со топлотните бранови регистрирани до 9 август и, според институтот, одразуваат период на поинтензивни и почести топлотни бранови поради климатските промени.
Пикот беше крајот на јуни
Институтот наведува дека 9.600 од вкупно приближно 14.000 смртни случаи се случиле во неделата од 22 до 28 јуни, кога на некои места температурите се искачија над 41 степен Целзиусов.
Германија, најнаселената земја во Европската унија со 82 милиони жители, веќе ја надмина претходната рекордна година 2018, кога беа регистрирани 8.900 смртни случаи поврзани со топлотни бранови.
Како и во други европски држави, највеќе погодени биле лицата над 75 години, се вели во неделниот извештај на Институтот Роберт Кох.
Фото: прес-материјал од настанот