Почетна
Македонија

Реставрирано „Тешкото“ од Никола Мартиноски на Факултетот за ликовни уметности

Маслото на платно (350,8 × 99,6 см) беше третирано во CARE Lab; во процесот учествуваа 14 студенти и тим од конзерватори.

·Македонија
Реставрирано „Тешкото“ од Никола Мартиноски на Факултетот за ликовни уметности

Монументалната слика „Тешкото“ од Никола Мартиноски (1952–1953) беше конзервирана и реставрирана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Делото, масло на платно, има димензии 350,8 × 99,6 сантиметри (со рамка 365,5 × 115 сантиметри) и е во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.

Конзервацијата завршена во октомври 2026

Конзерваторско‑реставраторската интервенција беше изведена во октомври 2026 година во Лабораторијата за уметничка технологија, конзервација и реставрација на уметнички дела — CARE Lab, при Факултетот за ликовни уметности. Раководители и ментори на третманот се м-р Марија Сотировска-Богдановска, доцент, и м-р Маријета Сидовски, насловен доцент и виш конзерватор‑реставратор.

Сотировска‑Богдановска рече дека во процесот беа вклучени 14 студенти на Факултетот кои го имаат избрано наставниот предмет „Заштита и реставрација“. Учесието имаше двоен карактер: локална превентивна заштита и практична работа во текот на конзерваторско‑реставраторскиот третман, под стручен надзор.

Во локалната превентивна заштита учествуваа: Даниела Дамјановска, Ивана Денчевска, Михаела Димитровска, Џина Димковска, Јована Кирјаковска, Ана Маленкова, Анастасија Недељковска, Бојана Николовa, Ана Ристеска и Наталија Стојанческа. Во самиот конзерваторско‑реставраторски процес работеа: Трајче Томов, Андреј Митевски (втор циклус), Марија Костадиновска и Бојана Цилевска.

Факултетот оцени дека проектот претставува важна акција за зачувување на значајно дело од домашната уметничка збирка, а воедно и вредно практично искуство за напредните студенти во третман на големоформатни маслени слики.

Фото: ФЛУ)

Поврзани написи