Ревизија: ИТ секторот во ФЗО работи со голем недостаток на кадар и слабости во сајбер‑безбедноста
ДЗР утврди недостатоци во управувањето со ризикот, одржувањето на системите и кадарот во Секторот за информатика.

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости во информациската безбедност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), поради што се потребни дополнителни мерки за заштита на податоците и зајакнување на ИТ-системот.
Клучни наоди од ревизијата
Ревизијата опфати повеќе области, меѓу кои управувањето со безбедносните ризици, одржувањето на системите, контролата на пристапот и обезбедувањето континуитет на работењето. Ревизорите констатираа повеќе пропусти кои ја зголемуваат оперативната и безбедносната изложеност на Фондот.
Еден од најзначајните проблеми е недостигот на кадрите во Секторот за информатика. Од вкупно 42 систематизирани работни места, во периодот опфатен со ревизијата биле пополнети само седум. Дополнително, не било пополнето ниту работното место офицер за сигурност на информацискиот систем.
Ревизорите утврдиле и дека по основната обука за сајбер-безбедност во 2023 година не биле организирани континуирани обуки ниту симулации со лажни фишинг-пораки за проверка на подготвеноста на вработените.
Меѓу другите утврдени слабости се временските празнини во договорите за ИТ-поддршка, отсуството на тестирање на безбедноста на целиот систем, како и недостигот на ажурирана политика и тестирање за обновување на податоците од резервните копии.
Државниот завод за ревизија дал препораки за надминување на недостатоците. Фондот за здравствено осигурување на 26 октомври 2026 година доставил акциски план со конкретни активности, одговорни лица и рокови за нивно спроведување.
Фото: прес-материјал од настанот


