Почетна
Спорт

Револуција во Ла Лига: судиите ќе даваат интервјуа и по натпреварите

Ла Лига и Судиската комисија од овој викенд интервјуираат судии и по завршување на натпреварите.

·Спорт
Револуција во Ла Лига: судиите ќе даваат интервјуа и по натпреварите

Од овој викенд Ла Лига воведува пост-натпреварски интервјуа со судиите — првпат во историјата на шпанскиот фудбал. Организаторите најавуваат дека најмалку двајца судии ќе даваат изјави пред камерите по финишот на натпреварите.

На почетокот од сезоната Ла Лига веќе воведе новина: судиите даваат интервјуа пред почетокот на средбите. Оваа мерка беше иницирана од Судиската комисија и во нејзе се вклучија и новинарите на телевизиите кои имаат права за пренос.

Сега Ла Лига и Судиската комисија одат чекор понатаму — освен пред-натпреварските појавувања, судиите ќе се појавуваат и по одредени мечеви за да ги образложат одлуките и да одговараат на прашања од камерите. Промената стапува на сила веќе овој викенд, кога е планирано да бидат интервјуирани најмалку двајца арбитри.

Едно од првите е баскиското дерби

Едно од првите натпревари на кои ќе може да се слушнат пост-натпреварските коментари на судиите е баскиското дерби — Атлетик Билбао против Реал Сосиедад, кое ќе се игра в недела од 21:00 на „Сан Мамес“. По завршувањето, главниот судија ќе застане пред камерите.

Според најавите, целта на овој револуционерен чекор е да се заштити и промовира позитивен имиџ на фудбалските судии. Организаторите го опишуваат потегот како обид за зголемување на транспарентноста и обезбедување платформа за судиите да ги објаснат своите одлуки.

Како ќе реагираат клубовите, играчите и навивачите останува да се види, но јасно е дека Ла Лига и Судиската комисија отвораат нов канал за комуникација со јавноста. Напишано: 30.10.2026, 14:30.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи