Почетна
Македонија

Ризичните групи можат да се пријават за бесплатна вакцина на vakcinacija.mk

Ризичните групи можат да се регистрираат онлајн и да добијат СМС со термин преку системот „Мој термин“.

·Македонија
Ризичните групи можат да се пријават за бесплатна вакцина на vakcinacija.mk

Граѓаните од ризичните групи можат да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку интернет-порталот vakcinacija.mk (страница за регистрација). Министерството за здравство информира дека пополнувањето на формата автоматски ги внесува пријавените во системот „Мој термин“.

Како се закажуваат термините

Откако ќе се пополни формата, граѓаните се регистрираат во системот „Мој термин“ и ќе добијат СМС-порака со точниот датум и час за вакцинација, согласно распоредот од планот за вакцинација и на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за ризични групи на граѓани – лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од шест месеци до пет години.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грипот, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.

Денеска министерот за здравство Сашо Клековски рече дека веќе се реализира дистрибуцијата на вакцините против сезонски грип до центрите за јавно здравје.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи