Почетна
Македонија

Родителите на загинатите деца во „Пулс“: Судот да ја утврди границата и стручноста на секој вештак

По распитот на градежниот вештак Петре Русески, семејствата велат дека судот треба строго да ги ограничи обемот и стручноста на секое вештачење.

·Македонија
Родителите на загинатите деца во „Пулс“: Судот да ја утврди границата и стручноста на секој вештак

На денешното судење за случајот „Пулс“ обвинителите го распрашуваа градежниот вештак на одбраната, Петре Русески.

Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за ентериерно уредување. Тој тврдел и дека објектот од самиот почеток е проектиран и изведен за деловна намена.

Родителите бараат јасно дефинирање на обемот на вештачењата

Родителите на загинатите деца реагираа на најавата на одбраната дека ќе бара супервештачење и предупредија дека вештак што се изјаснува само од градежен аспект не може самостојно да оспори вештачење кое ги опфаќа повеќето релевантни области.

„Логичното прашање е: ако вештакот на одбраната се изјаснува само од градежен аспект и од неговите одговори се гледа дека не може да одговори на сите прашања што произлегуваат од вештачењето на обвинителството, како може неговото мислење да се користи за оспорување на целокупното вештачење? Вештачењето на обвинителството не го опфаќа само градежниот аспект, туку повеќе области – урбанизам, градежништво, ДЗС, противпожарна заштита и други прашања поврзани со случајот. Затоа, ако одбранбениот вештак не може стручно да се изјасни за сите тие области, тогаш неговото мислење е ограничено на она за што е повикан и за што има стручна компетентност. А сега, кога одбраната бара супервештачење, останува на судот да оцени дали навистина постојат суштински и неразрешливи спротивности меѓу вештачењата или повторно се бара ново вештачење само затоа што постојното не ги потврдува тезите на одбраната. Ние родителите очекуваме судот внимателно да ја утврди границата на секое вештачење и стручноста на секој вештак, затоа што во овој случај не станува збор за обична стручна расправа, туку за утврдување на одговорноста за најголемата трагедија што ни се случи,“ рече Наунов пред новинарите.

Тие побараа судот да процени дали има суштински противречности меѓу вештачењата заради кои е неопходно дополнително стручно мислење или, пак, дали станува збор за обид на одбраната да бара ново вештачење затоа што сегашното не ги потврдува нејзините тези.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи