Почетна
Македонија

Романец уапсен на Табановце поради пребрзо возење

Х.В.С.(49) од Романија е уапсен откако му е евидентирано управување со 163 км/ч на дел од автопатот каде дозволата е 80 км/ч.

·Македонија
Романец уапсен на Табановце поради пребрзо возење

На граничниот премин Табановце е уапсен државјанин на Романија поради управување со возило со брзина од 163 километри на час на дел каде што е дозволено максимум 80 километри на час.

Од полицијата соопштија дека на 4 септември 2026 година, во 11:20 часот, на излезот од државата на Табановце, бил уапсен Х.В.С.(49) од Романија. При проверка на „ауди“ со романски регистерски таблички, преку системот „Безбеден град“ е утврдено дека е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Детали од местото на прекршокот

Во соопштението стои дека претходно истиот ден, во 06:30 часот на автопатот А1 во близина на Демир Капија, возилото го управувал со брзина од 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80 км/ч.

Сторителот бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во соопштението е наведено и дека претходно бил уапсен и Холанѓанец поради пребрзо возење, како и српска државјанка по ист повод. Многу српски граѓани при враќање од Грција платиле казни за надминување на дозволената брзина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи