Почетна
Македонија

Рудникот Бучим: околу 650 вработени, 4,5 милиони тони руда и над 40.000 тони бакарен концентрат годишно

Рудникот во Радовиш обработува милиони тони руда годишно и најавува вложувања во модернизација за да ја обезбеди долгорочната работа.

·Македонија
Рудникот Бучим: околу 650 вработени, 4,5 милиони тони руда и над 40.000 тони бакарен концентрат годишно

Рудникот „Бучим“ од Радовиш е единствениот активен производител на бакар во земјава и има околу 650 вработени.

Годишно во рудникот се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, од кои се произведуваат над 40.000 тони бакарен концентрат и околу 450 тони катоден бакар.

„Количините можат да варираат зависно од производствениот план, карактеристиките на рудата и технолошките показатели. Златото е природно присутно во рудата и во соодветен удел е содржано во бакарниот концентрат, но компанијата нема финален производ злато, па неговата количина се евидентира како составен дел од произведениот концентрат“, велат од „Бучим“.

Планови за стабилно производство и модернизација

Според компанијата, плановите за наредниот период се насочени кон стабилно и ефикасно производство, оптимално користење на ресурсите и долгорочна одржливост на рударските операции.

Особено внимание ќе се посветува на модернизацијата на производствените процеси, техничката сигурност на постројките и на примената на современи технологии и најдобрите достапни техники.

Фото: Бучим)

Поврзани написи