Почетна
Свет

Русија започна масовно воведување на дигиталната рубља

Граѓаните од денеска преку апликациите на водечките банки можат да плаќаат со дигитална рубља; условите ги постави Руската централна банка.

·Свет
Русија започна масовно воведување на дигиталната рубља

По неколку годишно тестирање, Русија започна масовно воведување на дигиталната рубља. Русите од денеска преку апликациите на најголемите банки ќе можат да пазаруваат со дигитални рубли.

Дигиталната рубља не е криптовалута. Ја издава Руската централна банка, а нејзината вредност е цврсто поврзана со редовната рубља. Главната разлика е каде се наоѓаат парите: парите на редовната сметка ги чува комерцијална банка, додека дигиталната рубља се наоѓа во паричник на платформата на Банката на Русија. Граѓаните до дигиталната рубља пристапуваат преку апликациите на банките.

Секоe лице може да има само еден дигитален паричник, но може да пристапи до него од апликациите на неколку банки. Сите 12 системски важни руски банки, кои заедно покриваат повеќе од 80 проценти од пазарот на плаќања, се подготвени да им го понудат на своите клиенти новиот систем.

План за воведување, ограничувања и трошоци

Другите банки ќе бидат постепено вклучени до 2028 година. Граѓаните можат да префрлаат до 300.000 рубли месечно од своите банкарски сметки во дигиталниот паричник; по овој месечен лимит нема ограничувања за трошење или префрлање на тие средства. Сите трансакции се бесплатни за граѓаните. Не се наплаќа камата за дигиталните рубли.

Руската централна банка нагласи користењето на дигиталната рубља е на доброволна основа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи