Руски дрон удри трговски центар во Суми, најмалку 2 загинати
Нападот во Суми остави најмалку две жртви и 14 повредени; на снимките се гледаат сериозни оштетувања и запалените возила.

Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени во руски напад со дрон врз трговски центар во украинскиот град Суми, соопштија локалните власти. Во нападот беше оштетен објектот и најмалку четири возила, а на местото интервенираа пожарникари и спасувачки екипи.
Снимките покажуваат големи оштетувања
Снимките од местото прикажуваат сериозни оштетувања на трговскиот центар, запалени возила и остатоци расфрлани околу објектот. Спасувачите им укажуваа помош на повредените и ги обезбедуваа телата на загинатите.
Локалните служби соопштија дека повеќе оперативни единици реагирале веднаш по нападот и работеле на евакуација, пружање прва помош и утврдување на обемот на штетата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја критикуваше меѓународната заедница поради, како што рече, недоволно остриот одговор на руските напади врз цивилни подрачја.
Москва, пак, постојано негира дека намерно ги гаѓа цивилите и тврди дека целите на нејзините напади се објекти поврзани со украинските воени активности.
Фото: прес-материјал од настанот


