Почетна
Свет

САД воведоа нов пакет економски санкции против Иран

Санкциите таргетираат над 20 менувачници, фиктивни компании и поединци кои го поддржуваат паралелниот банкарски систем на Иран.

·Свет
САД воведоа нов пакет економски санкции против Иран

Администрацијата на САД синоќа воведе нов пакет економски санкции против Иран, со цел да го прекине финансирањето на Техеран.

„повеќе од дваесет менувачници, фиктивни компании и поединци во Иран, Обединетите Арапски Емирати, Турција и Хонгконг, кои го поддржуваат паралелниот банкарски систем на Иран,“ се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Новиот пакет, според соопштението, ги таргетира актерите кои дејствуваат и во Иран и надвор од државата и кои, според американските власти, помагаат во заобиколување на официјалните меѓународни финансиски канали.

Министерството за финансии: мрежите се глобално поврзани

„Иранските паралелни банкарски мрежи остануваат меѓусебно поврзани на сите континенти, особено во ОАЕ, Хонгконг и Сингапур,“ се истакнува во соопштението на американското Министерство за финансии.

Американската администрација изјави дека санкциите имаат за цел да ги пресечат каналите што Техеран ги користи со години за пренос на средства и ги именуваше компаниите и поединците во неколку јурисдикции како дел од напорите да ги задуши тие финансиски текови.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи