Сања Кужет по 13 години официјално го напушти Гранд и оди на Арена спорт
Сања Кужет официјално ја заврши соработката со Гранд и најави своја емисија на Арена спорт посветена на спорт, здравје и долговечност.

Популарната водителка Сања Кужет официјално стави крај на своето 13-годишно деловно поглавје со „Гранд продукција“ и ги соопшти идните планови кои ја носат на каналот Арена спорт.
Во изминатите две години таа беше отсутна од малите екрани поради породилно отсуство, период во кој нејзината позиција во емисијата Ѕвездите на Гранд ја превзеде Ана Севиќ. Иако фановите се надеваа на можно враќање, Кужет донесе конечна одлука да го напушти „јатото“ на Гранд.
Емотивно збогување и признание
Во своето официјално обраќање до јавноста таа појасни дека заминува доброволно и со длабока благодарност за заедничките искуства. „После многу убави и важни години минати во Гранд, донесов одлука да завршам едно големо деловно поглавје во својот живот. Заминувам доброволно, со чувство дека дојде вистинскиот момент ова поглавје да го затворам. Имав прилика да ја работам работата што ја сакам, бев уважувана и професионално исполнета, а највредното што го носам се луѓето и колегите со кои ја делев сцената“, изјави Кужет.
Нова фаза: сопствен формат на Арена спорт
Кужет најави дека по повеќе од две децении во медиумите добива можност да работи на емисија која ќе биде целосно нејзина и во која ќе се занимава со теми што лично ја интересираат: спорт, здравје и долговечност. „После повеќе од две децении во медиумите, првпат имам можност да работам емисија која е целосно моја и да се бавам со теми што мене приватно со години ме интересираат – спорт, здравје и долговечност. За мене ова е нов терен и прилика она што ме привлекува приватно да го претворам во корисна содржина за публиката“, посочи таа.
Во обраќањето Кужет особено го спомена починатиот основач на продукцијата, Саша Поповиќ: „Посебно ќе го паметам моментот кога пред 13 години ми беше укажана доверба. Секогаш ќе му бидам благодарна на човекот кој веруваше во мене. Денес, кога него повеќе го нема, сосем е природно да чувствувам дека се завршува и едно време кое беше важно за сите нас.“
На приватен план, Сања во 2024 година го роди своето трето дете, вториот син Игњат, со својот долгогодишен партнер Немања Јововиќ. По периодот посветен на семејството и мајчинството, таа е подготвена да се врати на медиумската сцена, но во ново, поинакво издание.
Фото: прес-материјал од настанот


