Почетна
Магазин

Сања Савеска: „Ме расплакуваат туѓи судбини“

Водителката зборува за личниот живот, почетоците и неправдите кои најмногу ја болат.

·Магазин
Сања Савеска: „Ме расплакуваат туѓи судбини“

Водителката Сања Савеска, позната по кулинарското шоу „Брза кујна“, во најновата емисија на „Кафе муабети“ откри детали за својот приватен живот, но и за случувањата во општеството кои најмногу ја допираат. Таа рече дека моментно не е во врска и ги сподели впечатоците од детството и првите работни искуства.

Детство, работа и почетоци

Савеска се потсети на животот во Железара и подоцна во Ново Лисиче во Скопје. Вели дека родителите, иако обични работници, направиле сè да таа и нејзиниот брат имаат убаво детство и дека од нив ја научила скромноста и борбеноста да се избори за она што го сака.

Откри дека првите пари ги заработила уште како тинејџерка, кога летата работела во Охрид за да си обезбеди одмор и заштеда, а раскажа и за тоа како била навикната да работи сè — па дури и на нива, каде што ја носеле да дере и да низа тутун.

Таа го спомена соработката со колегите од „Брза кујна“, посебно со Шеф Марк со кого ги снимала првите епизоди, како и покојниот актер Димче Мешковски, од чија школа за глумење учела и од кого добила важни совети за однесување пред камера.

За емоциите и ранливоста, Савеска призна дека за себе повеќе не плаче, но дека ја допираат маките на другите. Како што рече: "За себе повеќе не плачам, сум рекла ќе бидам посилна и нема да плачам, меѓутоа ме расплакуваат туѓи судбини. Ме расплакува суровоста што ја гледаме во општеството, како на пример бркањето на уличните продавачи од улиците на градот и оневозможувањето на луѓето што до вчера продавале цвеќе на улица повеќе да немаат каде тоа да го прават, а знаејќи дека тоа им било основното средство за егзистенција за нивната фамилија. Едноставно такви работи ме допираат. Во ред, можеби треба да се стави некој ред во државата и во општеството, но не на таков суров начин. Мора да се најде решение тие луѓе на некој начин да можат да продолжат да си ја обезбедуваат егзистенцијата…"

Таа додаде: "Можеби некој од нив нема да се снајде и нема да може да купи леб за своите деца. Таквите приказни ме повредуваат и можат да ме натераат да се расплачам", вели водителката во интервјуто.

Савеска, исто така, спомена дека поради љубов некогаш направила и најлуди работи во животот и наговести каков тип партнер би можел да ѝ го освои срцето, без да наведе конкретни имиња. Повеќе детали даде во најновата епизода на „Кафе муабети“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи