Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац добија син: бебето се роди утринава
Парот го дочека првото заедничко дете: здраво момче родено утринава, а Ковачевиќ рече дека сакаше да биде присутен при породувањето.

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ и неговата избраничка Зорана Тасовац станаа родители на првото заедничко дете — здраво момче кое се роди утринава во приватна клиника во близина на нивниот дом.
Пејачот претходно зборуваше за подготовките и за желбата да биде покрај породилната сала. „Долго работевме на тоа. Не е дека преку ноќ станавме родители. Сè уште не знам какво е чувството, некако е нестварно“, изјави тој.
Тој додаде дека парот има неколку опции за име, но уште не донел конечна одлука, и дека сака да присуствува на породувањето „и како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството од првата секунда кога ќе дојде на свет“, изјави неодамна пејачот.
За Зорана
Зорана Тасовац, која се породи на 38-годишна возраст, стана јавна личност преку модата — работела како манекенка и во 2008 година ја претставувала Србија на натпревар за убавина во Виетнам. Иако дипломирала на Педагошкиот факултет и по професија е воспитувачка, таа се посвети на модниот бизнис и го основа брендот за облека „Зока Мода“.
Од претходниот брак со Богдан Срејовиќ, кој јавноста го поврзува и со врската со фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Зорана има ќерка на име Искра. Саша од првиот ден ја прифати Искра како своја ќерка и во јавноста често се нагласува неговиот однос со неа.
Фото: прес-материјал од настанот


