Почетна
Македонија

СДСМ: Граѓаните чекаат со часови на граница поради „политиката на изолација“ на Христијан Мицкоски

СДСМ тврди дека зголемената фреквенција и наводен посебен третман за дел од функционерите ги тераат граѓаните да чекаат часови на граничните премини.

·Македонија
СДСМ: Граѓаните чекаат со часови на граница поради „политиката на изолација“ на Христијан Мицкоски

Опозицискиот СДСМ обвинува дека километарските колони и зголемениот интензитет на сообраќај на речиси сите гранични премини се резултат на „политиката на изолација“ што, според партијата, ја спроведува Христијан Мицкоски, поради што граѓаните чекаат со часови.

„Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до 'Св. Илија'. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски“, коментираат од СДСМ.

Обвинувања за посебен третман

Од СДСМ додаваат дека, додека дел од членовите на Владата и нивните семејства имаат бугарски пасоши и наводно добиваат посебен третман на границите, обичните македонски граѓани се соочуваат со блокади, изолација и повеќечасовно чекање на многу високи температури.

„Додека тие летаат, народот стои во колона. Ова е нивна политика“, стои во соопштението на партијата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) попладнево соопшти дека на речиси сите гранични премини има зголемено чекање поради зголемена фреквенција на возила. Најголеми задржувања има на „Богородица“ и „Дојран“, каде забавувањето при излез од државата е и до три часа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи