Почетна
Македонија

СДСМ: Мицкоски поништува реформи со укинување на Законот за координација

Партијата тврди дека предлогот за укинување на законот ќе доведе до партизација на служби и е вовед во спојување на АНБ и АР.

·Македонија
СДСМ: Мицкоски поништува реформи со укинување на Законот за координација

СДСМ реагира откако Владата усвои предлог‑измени со кои се предлага целосен престанок на Законот за координација на безбедносно‑разузнавачката заедница, и предупредува дека тоа е уназадување на реформите наменети за заштита од политизација на службите.

Според предлог‑измeните, кои веќе се доставени во Собранието, се предлага укинување на законот кој ја уредува координацијата помеѓу Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за разузнавање (АР) и военото разузнавање. Од СДСМ велат дека укинувањето го отвора патот за најавуваното спојување на АНБ и АР.

Опозицијата го обвинува Мицкоски за целосна партизација

Од партијата остро реагираат и тврдат дека планот ќе значи „целосна партиска контрола“ на службите. „Ако проблемот е во спроведувањето, зошто се укинува законот? Ако недостига оперативен капацитет, зошто не го обезбедат? Ако постои недоверба меѓу институциите, кој е одговорен да ја надмине? Не држат изговорите. Целта на Мицкоски е јасна – да воведе целосна партиска контрола над службите, како во времето на Груевски и Сашо Мијалков. Како што го контролира правосудството, полицијата и се друго во државата“, коментираат од СДСМ.

Опозицијата бара Предлог‑законот да се повлече од Собранието и да следува јавна, експертска и парламентарна расправа, најавувајќи дека нема да молчи пред, како што рекоа, новата партизација на службите.

Во својата реакција СДСМ дополнително појаснува: „Законот за координација обезбедува заеднички проценки на заканите, размена на информации и усогласено постапување на АНБ, Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање. Со Советот претседава премиерот, а механизмот ги поврзува службите и со предлозите на Советот за безбедност. Сега Мицкоски тоа го поништува за партиски и лични цели. Очигледно е дека ова е подготовка за најавуваното спојување на АНБ и АР“, велат од партијата.

Министерството за внатрешни работи, како предлагач на измените, го образложува предлогот со ограничената примена на постојното законско решение во практиката. Од МВР искажуваат дека не ја оспоруваат идејата зад законот, туку укажуваат на тешкотии при неговото спроведување.

СДСМ повика на повлекување на предлог‑законот и на отворена дебата за начинот на унапредување на соработката меѓу службите без политичко влијание.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи