Почетна
Македонија

Се уништува природното богатство на Шара: мотори и четирицикли прават хаос

Мотори и четирицикли ги газат патеките, создаваат прашина и уништуваат маркички; вработените бараат помош и систем по примерот на „Сејф сити“.

·Македонија
Се уништува природното богатство на Шара: мотори и четирицикли прават хаос

Националниот парк Шар Планина е под притисок од мотори и четирицикли кои слободно возат по планинските падини, предупредуваат вработените во паркот. Возилата создаваат големи облаци прашина, го разрануваат растителниот покрив и го нарушуваат мирот на дивечот и останатите посетители, со што се намалува вредноста на ова заштитено природно подрачје.

Од парковските служби велат дека несовесното и брзо возење го претвора летниот терен во траси за мото‑трки. Прашината загадува воздухот и ја зголемува ерозијата на патеките и ранливите хабитати, додека расфрланиот отпад дополнително го влошува долгорочното оштетување на природата.

Според надлежните, проблемот е најизразен во периодот од средината на јуни до средината на август, кога во земјата престојуваат финансиски посилни лица што живеат во странство. „Тие живеат во европски културни земји каде што ги почитуваат правилата, меѓутоа тука не се навикнати дека е воспоставен нов режим на однесување и треба да се почитува правилото за да го зачуваме нашиот национален парк Шар Планина,“ вели Анела Ставревска‑Панајотова, раководителка на Одделението за заштита на природата во НП Шар Планина.

Тешкотии при контролата и повик за поширока интервенција

Вработените признуваат дека сами тешко можат да ги спречат сите несовесни постапки. Апелираат на совесност, спроведуваат координација со полицијата и бараат помош од локалното население, но укажуваат дека паркот е тежок за контрола бидејќи постојат околу осумдесетина влезови и излези. „Навистина треба да се почне да се разговара каде што разговараме за Сејф сити, во државата во урбани средини да почнеме да разговараме за овој нов тренд како да го решаваме во што поскоро време. ШП е многу тешка за контролирање, затоа што постојат околу осумдесетина влезови и излези,“ додава Ставревска‑Панајотова.

Специјалистите за здравствена екологија предупредуваат и на здравствените последици и на социјалните аспекти од таквото однесување. „Јас ги разбирам зависниците од адреналин и допамин, нормално за доволство им создава. Меѓутоа, ние што сакаме да рекреираме навистина имаме и физички и психичко и социјално нарушена благосостојба. А тоа се сите три основни постулати по Светска здравствена организација,“ вели Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија.

Уште евидентирани и конкретни материјални штети: околу 50 од над 100 ново поставени метални столбови за зимска маркирација од Попова Шапка до Титов Врв се уништени или оштетени. Од паркот апелираат државните институции и локалната власт да се вклучат со поцврсти мерки за да се заштити природното богатство и да се спречи понатамошно вандализирање и загадување.

Фото: kallerna / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Поврзани написи