Се урна ловец „Грипен“ во близина на Шолнок, пилотот се катапултира без повреди
Пилотот се катапултира без повреди, а властите најавуваат истрага за падот на шведскиот ловец „Грипен“.

Унгарски ловец „Грипен“ се урна во близина на Шолнок, во централниот дел на земјата, а пилотот успешно се катапултира, изјави премиерот Петер Маѓар.
Маѓар додаде дека при падот на авионот немало повредени, ниту е причинета штета по цивилната инфраструктура.
Министерот за одбрана, Ромулуш Русин‑Сенди, соопшти дека и пилотот не е повреден и дека тој сторил сѐ за авионот да падне на безбедна, ненаселена територија.
Истрага во тек
Авионот е шведско производство; причините за падот не се познати, а надлежните најавија испитување на инцидентот.
Во следните фази ќе се анализираат остатоците од воздухопловот и ќе се соберат податоци кои треба да појаснат што се случило.
Фото: прес-материјал од настанот