Почетна
Македонија

Секој четврти тинејџер (15–16) се коцка; граѓаните бараат обложувалниците да се оддалечат од училиштата

Истражување и граѓански реакции: расте онлајн обложувањето меѓу тинејџерките, Хера бара построги правила за рекламирање и влез.

·Македонија
Секој четврти тинејџер (15–16) се коцка; граѓаните бараат обложувалниците да се оддалечат од училиштата

Според Европско истражување спроведено во училишта во рамките на прашања за употреба на алкохол и други дроги, секој четврти ученик на возраст од 15 или 16 години се коцка. Во извештајот се нотира и дека ризикот расте меѓу девојките, кои почесто се вклучуваат во обложување преку онлајн платформи.

На улица, граѓаните изразија загриженост и бараат обложувалниците и казината да не бидат сместени во непосредна близина на основните и средните училишта.

„Јас не сум за тоа коцкарниците да бидат во близина на училишта“, вели еден граѓанин. „Тие треба да се тргнат најмалку еден километар од училиштата“, вели друг.

Предлози од невладиниот сектор

Асоцијацијата Хера ги застапува барањата за построга регулација на рекламите за игри на среќа и за воведување ограничувања за возраст при влез во казина, со цел да се намали изложеноста на малолетниците на ризиците поврзани со коцкањето.

„Нашите барања се да се воведе построга регулација, кој, кога, и каде може да рекламира и да се постави ограничување дали младите ќе можат да влезат во казино“ рече Ема Мицевска од Асоцијацијата Хера.

Државата донесе нов Закон за игрите на среќа со мерка според која казината и автомат-клубовите треба да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Таа одредба ќе почне да се применува од 1 јануари 2028 година; додека не стапи на сила, постојните објекти може да продолжат да работат на сегашните локации.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи