Секоја чест: Пеп Гвардиола испрати моќна порака за Газа
Поранешниот тренер на Манчестер Сити во видео објавено од UNRWA España на 18 октомври 2026 повикува на солидарност и помош.

Пеп Гвардиола, поранешниот тренер на Манчестер Сити, сними директна порака за хуманитарната состојба во Газа која беше објавена на 18 октомври 2026 година од страна на UNRWA España.
Гвардиола повикува да не се тргнеме од темата
Во видеото Гвардиола опишува гледката и страдањето во Газа и апелира јавноста да не остане рамнодушна. „Тие не се мртви, тие беа убиени. Тие не се само броеви. Тие се животи кои имаа име, лице и семејство. Тие имаа соништа и сеќавања. Тие не се само колатерална штета. Тоа се девојчиња и момчиња.“
Во една од деловите од обраќањето тој наведува дека ги гледаме децата како ги бараат своите родители меѓу урнатините: „Ги гледаме како губат сè пред да можат да пораснат. Нивните животи се вредни како и нашите. Нивната болка не ни е непозната. Не можете да го заборавите тоа.“
Гвардиола упати и директни обвиненија: „До денес, израелската влада уби повеќе од 74.000 луѓе во Газа и продолжува да го попречува влезот на хуманитарна помош.“
На крајот од обраќањето тој испрати јасен повик за активност и поддршка: „Продолжете да зборувате за Палестина. Продолжете да го браните човештвото од рамнодушноста.Доколку можете, ве молам поддржете ја UNRWA за да можеме да продолжиме да им пружаме помош на оние на кои им е најпотребна.“
Видеото беше широко споделено на социјалните мрежи — меѓу другото беше репостнато од профилот City Xtra на 18 октомври 2026 година — и дополнително ја подгреа јавната дебата за хуманитарниот пристап и цивилните жртви во појасот Газа.
Фото: прес-материјал од настанот


