Почетна
Македонија

Серискиот обвинет од Куманово, Трајко Бојковски, призна убиство на три жени

На рочиштето беа презентирани психијатриски наоди и обвинувањата остануваат за четири убиства.

·Македонија
Серискиот обвинет од Куманово, Трајко Бојковски, призна убиство на три жени

Обвинетиот од Куманово, Трајко Бојковски, на денешното рочиште призна дека убил три жени и изјави дека мотивот бил парите, додека обвинителството и натаму го гони за убиство на четири жени.

За разлика од претходните рочишта кога ги негираше обвинувањата, денеска Бојковски призна убиство на три од вкупно четирите жени за кои се товари во обвинението. Тој сведочеше конфузно: постојано повторуваше дека убил „три баби“, но кога беа наведени имињата на жртвите не беше прецизен кои се неговите жртви. Призна и дека имал два обида за убиство.

Психијатриска вештачења и контрадикторни тврдења

Обвинителството истакнува дека, според наодите на психијатрите, убиствата биле извршени за да ги задоволат неговите сексуални страсти врз мртви жени; таквите наводи обвинетиот ги отфрли и изјави дека убивал поради пари.

На рочиштето беше презентирано и вештачење од д-р Стојан Бајракатров од Клиниката за психијатрија, кој рече дека обвинетиот бил пресметлив при извршувањето на убиствата.

Обвинителот Љубомир Лапе предупреди дека осомничениот има право да ја избере својата одбрана, но нагласи дека Бојковски пред јавниот обвинител го признал секое убиство.

„Тој самиот не знаеше кое кривично дело го негира па на сите вкрстени прашња одговори потврдно. Тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител а има и други докази со кои се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право. Тој смета дека така најверојатно ќе си ја олесни работата и психијатрите сметаат дека обвинетиот делува во насока да си ја олесни состојба“, рече обвинител Љубомир Лапе.

Завршните зборови се закажани за 6 октомври, по што ќе следува пресудата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи