Шабани меѓу кандидатите за МВП на Европското првенство „Б“ Дивизија
ФИБА го вклучи Дион Шабани на листата за МВП откако заврши првиот дел во Скопје и Гевгелија; утре продолжуваат натпреварите за пласман.

Првиот дел од Европското првенство „Б“ Дивизија, кое се одржа во Скопје и Гевгелија, официјално заврши; тимовите имаат слободен ден, а од утре во двата града ќе се играат натпреварите за пласман.
ФИБА состави список на кандидати за најдобар играч (МВП) на турнирот. На листата е и македонскиот репрезентативец Дион Шабани, кој е еден од водечките стрелци не само во дресот со црвено-жолти бои туку и на целото првенство.
Гласањето на навивачите
ФИБА во изборот ги вклучи и навивачите: "Голем број млади таленти го ставија своето име во предвид, а ова е вашата шанса да го изберете вашиот фаворит и да ни кажете кој мислите дека треба да биде прогласен за МВП во сабота. Едноставно изберете го вашиот фаворит од анкетата на навивачите подолу, составена од кандидати кои го осветлуваат теренот претставувајќи ги сите национални тимови кои учествуваат на настанот", забележа ФИБА. Навивачите можат да гласаат преку фан-анкета објавена од федерацијата.
МВП ќе биде избран од таа листа на кандидати и ќе биде соопштен во завршницата на првенството.
Натпреварите за пласман почнуваат утре во Скопје и Гевгелија, каде што тимовите ќе се борат за конечни пласмани и можност за промоција во рамките на Б дивизијата.
Фото: прес-материјал од настанот