Почетна
Спорт

Шахтјор Доњецк ќе ги игра домашните натпревари од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“

Украинскиот шампион ја избра Лондонската база и ќе ги игра своите домашни натпревари од ЛШ на стадионот на Челзи.

·Спорт
Шахтјор Доњецк ќе ги игра домашните натпревари од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“

Иако Челзи не се квалификува за Лигата на шампионите, „Стемфорд Бриџ“ сепак ќе биде домаќин на натпревари од елитното европско натпреварување откако украинскиот првак Шахтјор Доњецк ја избра Лондонската арена за своја база.

Клубот од Доњецк во официјалното соопштение наведува дека воениот конфликт во Украина со години го тера да ги игра домашните натпревари во егзил, поради што и оваа сезона ќе ги користи локациите надвор од татковината. Шахтјор преку својата официјална страница го потврди преселувањето во Лондон и им се заблагодари на Челзи за гостопримството.

Клубот ја оцени понудата како привилегија

Во соопштението беше објавено: “ Играњето натпревари од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде посебна можност и привилегија за Шахтјор. Благодарни сме на Челзи за нивното гостопримство на ова посебно место. Тоа е еден од најпознатите стадиони во светот, со неверојатна историја и атмосфера. Убедени сме дека натпреварите на нашиот тим ќе им пружат незаборавни емоции на сите љубители на фудбалот”

Во претходните денови се појавија информации дека Шахтјор преговарал со неколку лондонски клубови за закуп на нивните објекти за домашни натпревари од Лигата на шампионите; како опции беа спомнати и стадионите на Брентфорд и Фулам, но првата опција на крајот беше „Стемфорд Бриџ“.

Челзи се согласи да дозволи користење на својот стадион за натпреварите на украинскиот првак, така што и покрај отсуството на самиот тим од Европската елита оваа сезона, „Стемфорд Бриџ“ ќе биде место на натпреварувања од Лигата на шампионите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи