Почетна
Спорт

Шампионот Скопје со 4:0, Тиверија Брера победи со 7:0 на стартот

Во првото коло на женското првенство Скопје и Тиверија Брера забележаа високи победи, а дербито го доби Истатов.

·Спорт
Шампионот Скопје со 4:0, Тиверија Брера победи со 7:0 на стартот

На 24.08.2026 официјално стартуваше новата сезона на Фудбалското првенство на Македонија во женска конкуренција, а првите натпревари донесоа низа убедливи резултати.

Резултати од првото коло

Шампионот Скопје отвори фуриозно и го совлада Кочани со 4:0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4:0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута.

Најубедливата победа ја забележа Тиверија Брера која триумфираше над Пелистер Про со 7:0. Билјана Панеска ги отвори резултатите во 22. минута, во 30-тата Теона Голабовска зголеми на 2:0, а Панеска постигна уште еден во 58. минута. Голабовска повторно се запиша меѓу стрелците во 67. минута, три минути подоцна Павлинка Николовска донесе водство од 5:0, Ивана Илиева во 78. минута ги однесе струмичанки на 6:0, а конечниот погодок го постигна повторно Голабовска.

Во градското дерби Истатов како гостин славеше против Вардар со 2:1. Гостинките поведоа преку Ива Здравевска во деветтата минута, по половина час игра Џенита Кицара израмни на 1:1, а победата на Истатов ја донесе Радица Чонева во 53. минута.

Љуботен оствари победа 4:1 над Каменица Саса. Тетовки поведоа со голот на Хава Мустафа во седмата минута, Улза Максути го зголеми водството во 38. минута, а третиот погодок беше дело на Ива Јованоска по реализиран пенал. Калина Попески во 72. минута ја постави 4:0, а во 84. минута Христина Јовановска постигна единствен погодок за гостинките.

Во последниот натпревар од првата рунда Речица и Ас Јунајтед одиграа 1:1. Ас Јунајтед поведе во последната минута од првиот дел преку Ихдина Речи, а израмни Вања Ристиќ во 58. минута.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи