Шасивари брои денови кога ќе се отстрани јазичната бариера за правосудниот испит
Шасивари денеска разговараше со студенти и декани за предложени законски решенија за полагање на испитот на албански јазик.

Министерот за правда Јетон Шасивари изјави дека се бројат деновите до надминување на јазичната бариера при полагањето на правосудниот испит на албански јазик.
Денеска тој се сретна со претставници на студентите и деканите на петте правни факултети при петте универзитети во земјата, на средба на која беа презентирани и практично објаснети предложените законски решенија.
Предлози и практична презентација
Студентите Албанци бараат да им се овозможи да полагаат правосуден испит на албански јазик. На состанокот беше објаснето како би се примениле измените и кои административни чекори се потребни за спроведување на решението.
„Пресметките не ги правам со дигитрон, туку со часовник во смисла на броење на деновите кога оваа јазична бариера со која се соочувале генерации дипломирани правници ќе биде отстранета и ќе се постигне јазична инклузивност со задржување на професионалниот стандард на овој испит кој е многу важен“, рече Јетон Шасивари, министер за правда.
Министерот нагласи дека целта е да се постигне јазична инклузивност без намалување на професионалните критериуми на испитот, кој останува клучна точка за влез во правосудството.
Фото: прес-материјал од настанот


